Podcast:На гости кај ПрилеП4анец | Зоран Димоски (Хемфри)

preview_player
Показать описание
Зоран Димоски му е името, поезија му е животот, слободен му е духот, светлоносни му се очите. За време на бивша Југославија започнал да работи како дипломиран инжинер за заштита при работа во Тутунски Комбинат Прилеп, но мал му бил тој свет па зел ранец и тргнал да го истражува ,oд Индија до Јужна Америка без да се врати седум години во Прилеп.

Епизода во која муабетевме за неговиот занает на изработка накит, за начинот на улична прродажба, за неговата поезија, за снаодливоста и самодовербата, за неоговите патешествија, за култните прилепски места од деведесетите и за уште многу други интересни теми.
Во неговата денешна резиденција во село Плетвар се случиле голем број алтернативни журки кои и ден денес се раскажуваат, ама и незаборавни собири на поетеси и поети од секаде после поетскиот слем фестивал во Прилеп на кој и тој често настапува. Тоа е денес како традиција да се оди кај него на гости после овој културен настан.
Има за него да се зборува многу, а ние сакавме само малку, да делиме со него присуство, да покажеме почит и да му дадеме простор слободно да постои во нашиот поткаст.

Донации во BTC
bc1qu9alz7qzdyjrpmt8xh27mzknhy4cg3g0s56huz
Донации во ETH
0x3E1E5aB94D4eB960cB4Ade0731Abb5bAe77993A6

Пријатели на подкастот:

Пицерија Таверна

Стоматолошка ординација ,,Караџоски‘‘

SoHo coffeshop:

Пчеларство Сотироски:

Guest house Антика:

Соработници:
Јосиф Трајкоски
Менде Младеноски
Бојан Илиески

П4 Продукција:
Далибор Ивановиќ
Љупчо Тодороски
Игор Караџоски
Рекомендации по теме