Podcast:На гости кај ПрилеП4анец | Сашо Јандрески

preview_player
Показать описание
Медицината е наука која има многу прашалници пред себе во развојот и тоа неспорно се докажа во првите 22 години од 21 век. Но тоа не е толку важно колку што медицината е наука која му помага на човекот во племенитоста и развојот скоро од неговото постоење па се до денес и секогаш имала противници и следбеници и чувари.

Епизодата со Сашо Јандрески ќе биде во знакот на овие вторите и третите, на следбениците и чуварите на медицината и на тој лекарски дар што го има човекот да се лечи себеси и да лечи други. Со оваа епизода ќе ве потсетиме, а вие потсетете некој друг, и така ќе ги потсетиме сите на крајот, дека меѓу нас постојат вистински таленти и надарени луѓе со вистински хумани мотиви, да помогнат, да направат нешто за општо добро.

Постојат такви луѓе и меѓу нас ги има!

Да потсетиме дека некогаш е доволно само пофалба и убав збор за некој млад талент да го искачи следното скалило. Некогаш требаат финансии, некогаш институции, некогаш и револуции (најдобро е да се културни а не воени) се потребни, за да му се направи патот на талентите и да се пуштат да градат мостови кон помирен свет. Некогаш е потребно само малку повеќе внимание и ќе чуете што имаат да ви кажата тоа често е токму она што треба да биде кажано во некој момент.

Чувајте ги талентите!

Во филм, во јазици, во физика, во медицина, во математика, во фудбал во гимнастика, во пишување, во право, во пливање, во планини качување, во тетоважи правење, во летање, во сметање, во оро играње продолжи го низот...

Во секое поле за игра и прогрес има таленти околу вас, испулете се и набљудувајте и ќе видите, многу надарени деца што простор само бараат и бодрење на патот што

Препознајте го и покажете го на сите!

Тоа нека биде пораката со оваа епизода а во неа гсотин Сашо Јандрески:

- На 16 години добитник на Златен Медал во Русија во Москва на саем за иновации. Ја добива наградата за неговата прва патентирана иновација за нов тип на медицински шприц.

- волонтер во Црвен Крст од своја единаесетта година

- од 2022 е студент по медицина во Словенија

Пријатели на подкастот:

Пицерија Таверна

Стоматолошка ординација ,,Караџоски‘‘

SoHo coffeshop:

Пчеларство Сотироски:

Guest house Антика:

Соработници:
Јосиф Трајкоски
Менде Младеноски
Бојан Илиески

П4 Продукција:
Далибор Ивановиќ
Љупчо Тодороски
Игор Караџоски
Рекомендации по теме