Podcast:На гости кај ПрилеП4анец | Даме Димески

preview_player
Показать описание
Зошто е велосипедот/точакот најсовршеното превозно средство на планетата Земја ?
Затоа што во исто време се возиш и стигнуваш од точка А до точка Б без бука и бесплатно, притоа не загадуваш и одговорен си за здравјето на околината, спортуваш и одговорен си за сопственото здравје, и медитираш ако успееш дури возиш да го држиш вниманието кај што гумата се гали со афалтот или земјата, а така го стишуваш умот за да ти се лечи духот.
Значи 3 во 1 !
А зошто го поканивме Даме Димески да ни биде гостин во предпоследната епизода од првата сезона ?

Затоа што Даме е Магистер Архитект со голем сон. Толку голем за да може во него да собере еден цел нов Прилеп со поинаков собраќаен крвоток, една цела урбана иднина исплетена со стотици велосипедски стази што ги поврзуваат сите виталните точки под Марковите кули, и една еколошка победа на разумот над глупавоста која се мери по бројот на автомобилски клучеви оставени на масите на кои прилепчани за километар далечина излегле со автомобил да го пијат своето кафе.

Даме има магистерски труд за модерен европски вело град, а Прилеп има потреба од Даме и од заедницата ‘‘Прилеп На Точак‘‘ преку која тој со останатите ентузијасти со кои организираат различни вело активности со идеја за подобар вело Прилеп, те повикуваат и тебе што го читаш ова, да им се приклучиш да земиш точак, да возиш и да се дружиш!

Пријатели на подкастот:
Пицерија Таверна

Стоматолошка ординација ,,Караџоски‘‘.

Трговина со здрава храна ,,Мое Пазарче‘‘

Пекара Алекс

Директор на фотографија и светло:
Бојан Илески

Дизајн на звук:
Љупчо Тодорски

Дизајн на лого:
Милан Димитриев

Уметнички консултант:
Ивана Темелкоска

Логистика:
Менде Младеноски – Банако

Монтажа:
Игор Караџоски

Водител:
Далибор Ивановиќ

Автори и продуценти на подкастот:
Љупчо Тодороски

Игор Караџоски

Далибор Ивановиќ
Рекомендации по теме
Комментарии
Автор

Одлично кажано. Имаме голема потреба од зеленило (дрва) како град. Во спротивно во текот на летните месеци е невозможно да пешачиш поради јакото сонце. Исто така да се насадат повеќе дрва во централниот дел (пред Комерцијална Банка), како што беше во минатото.

Pobeda