Podcast:На гости кај Прилеп4анец | Мартин Наумоски | епизода 2

preview_player
Показать описание
Втората епизода од подкастот е тука, а во неа ни се случи првата средба со Мартин Наумоски, професор по македонски јазик во средното училиште гимназија ,,Мирче Ацев‘‘ – Прилеп, пријател, другар, комшија, братучед, сограѓанин...
Муабетевме со Мартин, за неговиот животен пат и дилемите на него, времето на студии, страста кон одбојката, првиот работен ден, искреноста со учениците, образованието, книгите, пишувањето, поезијата, но и за многу други области кои само ги допревме водејќи го дијалогот низ подкастот и креирајќи ја содржината на епизодата.

Стекнавме нов пријател кој сака да филозофира и да се дружи со вас на пиво, запознавме кул професор во старки кој вози точак, видовме на дело почит и поддршка за нашата идеја со подкастот, останавме недоречени на крајот затоа што Мартин мораше да не напушти поради подготовки за пат, но тоа беше најава дека ќе има и нови дружби со него, и константно уживавме во неговиот топол другарски однос со еден од членовите на нашата екипа и бивши ученик на професорот, и се надеваме дека дел од таа енергија зад камерите ќе се пренесе и до вас.

Бескрајна благодарност и чест што Мартин ја прифати нашата покана и бескрајна почит до сите без кои овој подкаст немаше да ни се случи на сите нас:

Пријатели на подкастот:
Пицерија Таверна

Стоматолошка ординација ,,Караџоски‘‘.

Трговина со здрава храна ,,Мое Пазарче‘‘

Пекара Алекс

Директор на фотографија и светло:
Бојан Илески

Дизајн на звук:
Љупчо Тодорски

Дизајн на лого:
Милан Димитриев

Уметнички консултант:
Ивана Темелкоска

Логистика:
Менде Младеноски – Банако

Монтажа:
Игор Караџоски
Бојан Илески

Водител:
Далибор Ивановиќ

Автори и продуценти на подкастот:
Љупчо Тодороски

Игор Караџоски

Далибор Ивановиќ
Рекомендации по теме
Комментарии
Автор

Професоре олку добар да бевте ко предававте супер че беше за сите ученици не само за вашите миленици ❤️

prilepebago
Автор

I ovoj e profesor po makedonski 🙄🤣 Cringeee

mrd