filmov
tv
Избери зелено - диши слободно !

Показать описание
1. Воведување Зелена зона. Предвидува рестриктивно движење низ централното градско подрачје на возила кои не ги исполнуваат минималните Еуро стандарди за квалитет на дизел или за бензин горивата. Со овој проект ќе се намали загадувањето во централното градско подрачје и сообраќајниот метеж. Во Берлин за 3 години го намалил загадувањето за 30%!
2. Воведување поголем број автобуски линии со позачестен возен ред, за поголемо користење на јавниот превоз, наместо приватни возила.
3. Претворање на централното градско јадро т.н. Мал Ринг во целосна пешачка зона.
4. Отстранување на сите возила од тротоарите, пешачките и велосипедките патеки, за слободен проток на пешаци и велосипедисти.
5. Изградба на зелени коридори. Проектот значи изградба на пешачки и велосипедски патеки, преку кои пешаците, велосипедистите, ролерите и скејтерите ќе можат да се движат непречено до било која точка на градот, од Маџари, Ново Лисиче и Кисела Вода до Ѓорче Петров и од Водно, Капиштец и Козле до Радишани.
6. Вело 24/365 е проект за ефтин и брз транспорт за граѓаните на Скопје, преку зголемен број пунктови за изнајмување велосипеди во сите градски општини, и нивно 24 часовно функционирање во текот на целата година, независно од годишните времиња. Проектот е надградба на веќе постоечкиот во Скопје, кој функционира само во потоплите годишни времиња.