filmov
tv
Селскиот и градскиот глушец (Басна, Езоп)

Показать описание
Селскиот и градскиот глушец
Еден глушец од градот тргнал во посета кај неговиот пријател глушец од село. Селскиот глушец, со многу извинувања, извадил се најдобро и најубаво што имал за јадење и го послужил својот гостин. Имало изобилство од овес и грашок, убаво парче сланина, па дури и една грутка сиренце за десерт. Додека гостинот вечерал, селскиот глушец од љубезност не каснал ништо од убавата храна, бидеќи се плашел да не нема доволно за обајцата и само грицкал една сламка за да му прави друштво на гостинот. Кога завршила вечерата, градскиот глушец рекол:
- Стар пријателе, ти благодарам за љубезноста, но ќе морам нешто да ти кажам искрено. Не можам да те сфатам како можеш да живееш толку сиромашен живот во оваа мала дупка. Зошто не дојдеш со мене во градот, каде што ќе имаш секакви убави работи за јадење и време за забава? Попусто си го трошиш животот. Штом еднаш ќе го видиш градот, никогаш нема да посакаш повторно да се вратиш во ова тивко место.
Откако долго време го убедувал, селскиот глушец конечно се согласил да отиде и тој во градот. И така, двајцата тргнале заедно и некаде околу полноќ стигнале до големата куќа каде живеел градскиот глушец. Во трпезаријата била распослана богата гозба, а градскиот глушец, опа-цупа, протрчал низ масата, собрал од најубавата храна и го послужил својот пријател од село кој воодушевен од убавите работи, јадел додека не се прејал.
Наеднаш, сите врати од просторијата ширум се отвориле и влегле многу луѓе и едно големо куче кое гласно лаело и трчало низ собата.
Глувците побрзале да побегнат, да најдат некое дупче да се скријат, а малечкиот селски глушец за малку ќе умрел од страв. Штом се соземал за да може да зборува, тој рекол:
-Па! Ако ова е градскиот живот, доволно видов од него. Остани си со здравје на ова убаво место што ти се допаѓа. За мене е доволно добро да се вратам дома во мојата тивка, побезбедна селска куќа и да го јадам моето обично јадење од овес и грашок.