filmov
tv
Makedonska Arhitetktura Kratovo 1979

Показать описание
Кратово — град во североисточна Македонија, сместен во грлото на изгаснат вулкан. Претставува еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот.
Постојат повеќе примери за изворот на името на градот Кратово. Името Кратово доаѓа од местоположбата на градот, кој лежи на вулканска подлога, односно вулкански кратер. Според преданието, градот го добил името по зборовите „кират-ова“, по името на тврдината на бреговите на Кратовска Река, урната од Османлиите. Во времето на Византија, градот е наречен „Коритос“ или „Коритон“.
Кратово е изградено со типична староградска македонска архитектура и е познато по своите кули и мостови. Според некои претпоставки, во минатото, во Кратово имало дури 13 кули, од кои најголема е Симиќевата кула. Во градбите е значителен каменот и дрвната конструкција, пересте и плитар, со што на градбите им овозможува еластичнот и цврстина. Стреите и таваните биле украсувани со декоративни штички. Чардаците на секоја куќа се посебно обележие на кратовската куќа. Од чардакот зависела и обликата на куќата. Вратите на куќите се еден од најубавите и најобработени детаљи, тие се како еднокрилни или пак двокрилни. Во минатото секоја кратовска куќа имала бања за капење. Како посебна просторија во куќата имала огниште, кое служело за загревање на просториите и за готвење храна.