Пат за в планина - Радован Павловски

preview_player
Показать описание
(Говори Радован Павловски)

Ќе го пронајдам црвениот камен на громот,
о, исушено билје
ќе те завиткам во цигара
и ќе те запалам од молњата.
Лош знак ми дава небесната птица.
Не пиј ноќна вода.
Коњу мој бос
не ќе ме однесеш дома.
Магија закопале во темелот на мојата куќа,
подземен ветер ми ги исече нозете.
Ќе легнам во ѕвездените бавчи на ридот,
на постела од ружи,
ај свеќа нека ми запалат на челото
и град нека ме испокрши.
Се готвев да пуштам корен
а дојде мојата кртица.
Коњу мој бос ќе цркнеш од тежина.
Добитокот ми го преградува патот,
небото го изгорела молња.
Полетај ми в глава плачно камење,
ни во петлени доби не ќе стигнам дома.
Рекомендации по теме
join shbcf.ru