filmov
tv
Dragi Fimkov #НашетоМалкуНекомуМожеДаЗначиСе♥️

Показать описание
Драги Фимков имал сила и желба да постигне многу. Во неговото родно Ќоселери минува 40 години работејќи земја и садејќи тутун и лубеници. Пред 30 години му се раѓа првото дете со посебни потреби, а, за жал и второто во уште полоша сосотојба. Затоа тие го напуштаат селото и одат во Градот во социјална барака само за децата да имаат подобри услови за развој. И, до пред десетина години течел животот на ова семјество, се додека еден ден и здравјето на сопругата не попушти, па, сите тројца ќе паднат на рацете Драги. За жал во тој период, најлошиот Драги бил избркан и од работа.Драги е веќе човек во години. И, во својата седма деценија од животот најмалку мисли на себе.И, жали што животот му поделил лоши карти и не успеал да се снајде за да им обезбеди поубава иднина на децата. Затоа, ќе рече тој не може да даде дефиниција за среќа, но, знае дека и сите пари на светот да ги има дека нема да може макар и на ден да го купи здравјето на своите најмили. Затоа, само се надева дека во остатокот од животот барем еден ден ќе ги види децата задоволни и среќни.#НашетоМалкуНекомуМожеДаЗначиСе♥️