Ѕвончиња ѕвонат (Jingle Bells)

preview_player
Показать описание
„Ѕвончиња ѕвонат“ е препев на македонски на популарната песничка за деца Jingle Bells. Оваа песничка е дел од компакт дискот „Кога си среќен“ од 2014год. на кој се наоѓаат уште 14 песнички/препеви на популарни детски рефрени.

Текст/Идеолог: Тања Бајрактарова Веда
Вокал/Аранжман: Андријана Јаневска

Со санка голема
И елени во прег
Пристигнува тој
А надвор паѓа снег.

Снегулки на дланка
А децата во санка
Сите гласно пеат, Хеј!
И радосно се смеат, Хо!

Реф:
Ѕвончиња, ѕвончиња
Ѕвонат на цел глас,
Еве го и Дедо Мраз
Доаѓа кај нас! (х2)

Со капа црвена
И торба дарови
За умни дечиња
Дели мечиња.

Кукли, топчиња
Коцки, вовчиња
Сите гласно пеат, Хеј!
И радосно се смеат, Хо!

Реф:
Ѕвончиња, ѕвончиња
Ѕвонат на цел глас,
Еве го и Дедо Мраз
Доаѓа кај нас! (х2)
Рекомендации по теме