Manassu beach bar (Akti Oneirou)

preview_player
Показать описание
На половина час возење од Bianco Olympico Hotel се наоѓа Akti Oneirou или Manassu beach bar , линк до плажата и дестинацијата тука (кликни и зачувај ја офлајн пред да тргнеш).

Движејки се од Bianco Olympico Hotel , после Никити се движите на раскрсницата лево кон Vourvourou и на  12km јужно од Vourvourou е распослана Akti Oneirou.

Плажатa е добро е означена и лесно ќе ја забележите таблата на патот со натпис Oneirou, но и Manassu што всушност е едно те исто, затоа што пак Manassu beach bar се вика преубавиот ресторан и бар на самата плажа.

На два километри од раскрсницата на патот, патот ве води и доаѓате до рампа за влез во кампот и бунгаловите, влезот не се наплаќа а паркингот е солидно обезбеден.

Десниот дел од плажата е резервиран за гостите во кампот и бунгаловите а во левиот дел од плажата се поставени многу чадори за сонце и лежалки за гостите како нас,  надворешни посетители на преубавиот  Manassu beach bar. Оваа плажа една е од ретките плажи на Ситонија каде влезот сеуште не се наплаќа а за лежалките плаќате само минимум консумација од 8 евра за две лежалки, за кои ви следува пијалок.

Плажата на Manassu beach bar  е широка и освен многуте лежалки има и мало игралиште со играчки за деца, бутик и тушеви а потоа следат ресторанот и барот како и тоалетите.

На плажата како и во водата има ситни камчиња, нема плитко, а водата е супер за нуркање со цевка или snorkeling.

Ресторанот и барот се многу фенси и модерно уредени , а цените се нешто повисоки од просечните на Ситонија

Музиката не е прегласна а плажата не е погодна само за оние кои сакаат мир и опуштање со звукот на брановите, туку и за оние како јас кои сакаат повеќе фенси и комерцијални плажи и поурбана, динамична атмосфера.

Лично мене најмногу ми заличи на некоја  од плажите од Џемс Бонд серијалите со Роџер Мур  а атмосферата беше феноменална и дефинитивно ја препорачувам да ја посетите Manassu beach bar (Akti Oneirou) ова лето.

Совет тргнете порано да избегнете гужва кај Никити и останете до самиот залез, верувајте вреди.

Вања

ИМАТЕ ПРАШАЊА?
-- ► Find Pozitivo here:
Рекомендации по теме