filmov
tv
Инклузивното образование е право, а не среќа

Показать описание
Христина е мајка на дете со аутизам, кое во моментов посетува модифицирана образовна програма во редовно основно училиште. Таа зборува за своето искуство со функционалната проценка, ресурсните центри и поддршката при учењето, нагласувајќи го влијанието од соработката меѓу родителите и наставниците и прилагодувањата во училницата кои во голема мера му помогнале на детето да учи и да се изразува. Христина е свесна дека треба да се направи многу повеќе, но го поздравува напредокот воведен со Законот за основно образование од 2019 година. Таа споделува вредни согледувања за предизвиците и успесите на инклузивното образование од перспектива на родител. Погледнете го видеото за да дознаете повеќе.