filmov
tv
Kiskinov - Intro

Показать описание
Текст:
Ова е причината, приказната, пораката,
собир на вештини и искуства следејќи ја мапата
самоисцртана во главата со фокус и работа,
епа така започнува програмата.
Ова е патека која ја креираш сама,
случајност постои, да, но ти одлучуваш каде и како
чекор ќе даваш и за кој ти ќе спуштиш глава
и дали ќе пополниш празнини кои грешкие ти ги прават.
Сам сум во свет со билиони
од неуспешни таленти до баби со силикони,
балансот одамна е скршен
и трудот не се цени, за да ми е гајле за тој кој што прв е.
Знам, парите се промена
и огледалото е вистината очите чим прогледат
и срцето е големо колку раце ќе споделат
а луѓе се тие со очи и срце, па нека повелат.