Proja so sirenje i caen kolbas | Hrana i Vino MKD

preview_player
Показать описание
Проја само по името иако и во неа има иновација, со чаен колбас тешко дека сте ја правеле. А, вака убаво сервирана и декорирана ќе ја личи и за секојдневната трпеза, исто колку и за некоја посебна пригода.

ПРОЈА СО СИРЕЊЕ И ЧАЕН КОЛБАС

- 2 шолји (од 250 мл)пченкарно брашно
- 1 шолја бело брашно
- 3 јајца
- 250 мл јогурт
- 125 мл газирана вода
- 1 прашок за печиво
- 200 г сирење
- 100 г тенки кругови чаен колбас
- масло за јадење
- сол

Потребно време за подготовка на ова предјадење е 40 - минути.

Во длабок сад ги кршиме јајцата и ги матиме со жица. Ги додаваме газираната вода, прашокот за печиво, јогуртот и 125 мл масло. Посолуваме и непрекинато мешаме со жицата. На крупната страна од рендето во садот го рендаме сирењето. Круговите чаен колбас ги сечкаме на парчиња и ги додаваме во садот. Потоа ги додаваме белото и пченкарното брашно, и мешаме со жицата додека смесата не се соедини.
Калапот куглоф го попрскуваме со масло, со четка го намрснуваме и го набрашнуваме. Ја ставаме подготвената смеса за пројата во калапот и го ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и го вадиме калапот од рерна. Подизладената проја ја превртуваме на чинија за сервирање и ја сечеме на парчиња. Декорираме со топчиња кисела павлака, шери домати и гранчиња француски магдонос. Длабнатината на пројата ја полниме со листови црвена марула.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит

Subscribe for upcoming recipes:
Follow us:
Рекомендации по теме