УКИМ ХЕФ Отворен ден 27 април 2023 год.

preview_player
Показать описание
Драги матуранти, наши идни студенти!
Во рамки на Отворениот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ ве очекува на 27 април 2023 г. во два термина, во 10 часот и во 12 часот.
Ќе бидат презентирани студиските програми, активностите на студентите, центрите за кариера...
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности.
Прошетајте низ Факултетот, запознајте се со нивните просторни капацитети, предавалници, лаборатории...
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје!
Се гледаме на 27 април!