#ИднинатаПочнуваДома · Македон Димитровски

preview_player
Показать описание
Деветгодишен ученик од Скопје со посебен интерес и дарба за математиката и природните науки.

Од неодамна доби стипендија и сега учи во НОВА Меѓународно училиште во Скопје. Од 2022 година, Македон учествуваше на пет меѓународни турнири „Математика без граници“, освојувајќи два златни, два сребрени и еден бронзен медал.

Тој има добиено признанија за академските достигнувања од македонскиот Министер за образование и наука и од Претседателот на нашата држава. Во 2021 година ја доби наградата за млади таленти доделена од Претседателот, како признание за неговите академски достигнувања.

Познат е по тоа што веднаш може да пресмета задача со множење со големи броеви и има свој начин како го прави тоа.
-------------------------------------------------------------------
Симболизирајќи 32 години од нашата независност, иницијативата истакнува 32 значајни личности – 10 номинирани од ТИРЗ и 10 од Стопанската Комора и 12 од граѓаните.

„Иднината Почнува Дома“ – иницијатива на ТИРЗ и Стопанската Комора која има за цел да поддржи и извади на површина индивидуалци кои како едни од многуте меѓу нас, се истакнуваат во своите области на делување, прават позитивна разлика и работат посветено како важни делови од обликувањето на иднината на нашата нација. Тие се светли примери на луѓе кои успешно градат кариера, започнуваат или наследуваат бизниси и се доказ дека навистина, иднината почнува дома.
welcome to shbcf.ru